Почетна Регион Куманово Куманово: Општинска или партиска администрација!?
Куманово: Општинска или партиска администрација!?

Куманово: Општинска или партиска администрација!?

0
0

Бројната и неефикасна општинска администрација е проблем во Куманово. Додека во другите општини бројот на вработени во општинската администрација последните години постојано се намалува, во општина Куманово постојано се зголемува. Сведоци сме на перманентно вработување, а тоа особено е изразено пред локалните избори. Факт е дека во Куманово во последните неколку години  има  намалување на невработеноста, но исто така, факт е дека општина Куманово и нејзините институции и понатаму се главниот работодавач.

Кога основната егзистенција луѓето не можат да ја остварат преку работа во приватен сектор во услови на правичен натпревар, тие ја бараат егзистенцијата, или надвор од државата или во единствениот сектор кој нуди некаква “иднина”, а тоа е се општинските јавни институции. Проблемот е во тоа што побарувачката за вработување во општинските претпријатија  е преголема. Луѓето го бараат најприродното нешто за себе и своите деца, а тоа е сигурна работа и некаква егзистенција, во услови на очај подготвени се на многу компромиси, како што се активност во изборите на страна на партијата која раководи во Куманово. Оваа неповолноа ситуација во која голем дел од населението во општина Куманово живее, политичката партија го (зло)употребат за свои цели.

На општина Куманово и е потребна стручна, квалитетна и ефикасна администрација со изразена  свест дека постои поради потребите на граѓаните, а не за потребите на локалните власти. Потребен е кадар за развивање на општината како европска метропола, а не кадар кој ние сега секојдневно го гледаме на терен како дели пропаганден матријал. Тоа е срамота пред се за општината која е една од најголемите во Македонија, па е срам за самите вработени што се потценуваат до таа мера да си го газат достоинството.

Срамот да биде поголем е тоа дека е јавна тајна, дека во администрацијата има вработени кои не одат на работа. Има вработени кои не се квалификувани за работните места на кои се примени. Оттука  итно треба општинските власти да се зафатат со проценка на продуктивноста на јавниот сектор, како таа се споредува со таа на приватниот сектор и како истата да се подобри.фирмы планшетоврыбака магазин

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *