Почетна Регион Куманово (ФОТО) Во 21 век Љубодраг без водовод и канализација!
(ФОТО) Во 21 век Љубодраг без водовод и канализација!

(ФОТО) Во 21 век Љубодраг без водовод и канализација!

0
0

На седум километри од Куманово на стариот пат за Скопје се наоѓа селото Љубодраг, каде околу 600 жители живеат како во морничав сон. Селото се гуши во калливи и темни улици, без водовод, без канализација, со премногу бучава по стариот пат за Скопје и на крај се завршува со никаков јавен превоз. На сите страни има каливи улици поради немање канализација, бидејќи сите јами се испуштаат по улиците. Жителите се движат само со чизми во секојдневниот напор да ги завршат земјоделските работи. Сите се мачат да преживеат со одгледување земјоделски производи или од продажба на млеко и млечни производи.

Жителите  се едногласни во ставот дека условите за живот во ова село се катастрофални. Водовод немаат, канализација немаат, па сите нечистотии течат по улиците од кои се шири непријатен мирис.

Ова е пропаст. Љубодраг, од едно просперитетно село во минатото, сега е село оставено да изумира… Селото е заборавено од општина Куманово. Жителите се прашуваат како општина Куманово со буџет од 25 милиони евра, неможе да оддели средства за водовод и канализација. Канализацијата е поставена до пред влезот на селото, и оттука е блокирана неговата натамошна изградба во селото од општинските власти.

Општината не презема ништо и нема никаков интерес за мизерните услови кои постојат во селото. Во кој век сме сега, со чизми да се оди во кал до коленици, а реагирано е преку 20 пати, како што велат жителите и никој ништо не презема.
Несфатливо е во 21. век да нема асфалтирани патишта во пола од селото, што е една од главните причини за револтот на жителите , да нема водовод и канализација, и што е најтрагично, нема ни здравствена амбуланта.

Најтешко на жителите им е кога некој ќе се разболи. Поради немање амбуланта, мораат болниот да го носат до болницата во Куманово.

halo eyeлобановский александр интервью

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *