Почетна Регион Куманово (ФОТО) Пчинскиот регион заборавен од локалната власт!
(ФОТО) Пчинскиот регион заборавен од локалната власт!

(ФОТО) Пчинскиот регион заборавен од локалната власт!

0
0

Пчинскиот регион е еклатантен пример за односот кој локалната општинска власт го има кон жителите на општина Куманово. Повеќе од 20-тина години ниту еден денар немаат инвестирано во овој, за Куманово, значаен регион. Сега, на два дена пред локалните избори, свесни за својата неажурност, праќаат некакви градежни машини со цел најверојатно да вршат некаква регулација не речното корито. Тоа е само уште еден од низата примери за злоупотреба да државни средства и ресурси во политичка камања што ја прави СДСМ.

Каков однос има општината спрема жителите на Пчиња кажува и состојбата во овој регион. На овие жители иако им се наплаќа за улично осветлување, истото воопшто не постои. Проектот за водоснабдување на Пчиња, за чија изработка финансиите си ги имаа обезбедено самите жители, е блокиран од страна на Советот и општинската администрација, иако за решавање на овој проблем има обезбедено финансиски средства од претходната Влада. Она за што исто така се жалат жителите во Пчинскиот регион е и јавниот превоз кој го организира општината. Велат дека е катастрофален и во едно комбе со капацитет од 20 седишта се превезуваат преку 40-тина луѓе.

Реагираат и за дивата депонија. Со бурна реакција од жителите, кажуват дека на секои избори локалните власти им ветувалте дислокација на истата, но до ден денес нема ништо превземено во таа насока, додека истата секојдневно гори и е вистинска еколошка бомба. Се жалат и на локалниот пат Куманово – Пчиња. Велат патот ни го направи претходната централна власт, инвестиција од преку 900 000 евра, но денес се уништува истиот со тешки товарни возила, кои секојдневно носат смет во дивата депонија, а за чие движење дозвола издала локалната власт.

 

 работа на дому преимущества и недостатки10 планшет

ознаки:

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *