Почетна Регион Куманово Ќе жалиме за старо Куманово: Куманово е киднапирана општина на урбаната мафија!
Ќе жалиме за старо Куманово: Куманово е киднапирана општина на урбаната мафија!

Ќе жалиме за старо Куманово: Куманово е киднапирана општина на урбаната мафија!

0
0

Притисоци за промени на Детални урбанистички планови со цел да се добие атрактивна парцела со што поголема габаритност и висина, блиски врски со политичката гарнитура што е на власт во Куманово цели 26 години, се дел од инструментите што урбаната мафија ги користи во остварувањето за зацртаните бизнис планови за лесно збогатување. Години назназад општинските власти  постојано најавуваат битки и ригорозни казни за учесниците во градежниот криминал, но добро разработената шема на урбаната мафија и одредени луѓе од општината за жал сеуште функционираат. Иако, јавно никој не сака да одговори дали во Куманово има градежна мафија, сепак јавна тајна е дека постои, коментираат упатените во бизнисот. 

Централното градско подрачје на Куманово е “мека” за  градежната мафија, тука е најскап квадратот, самата локација си го прави своето и токму во овој дел се бара максимум на изградена површина и искористување на она што значи габарит и висина. Упатените во градежниот бизнис велат дека  во центарот на Куманово парцелите се најограничени и тука продажбата е најатрактивна било да се работи за земјиште или за деловен простор или стан, па затоа тука притисокот на оние што сакаат да направат нешто на сила а со помош на општината е нелегално најсилен. Но урбаната мафија не е еден човек, тоа е цел ланец од луѓе инволвирани во процесот со комплетно разработена шема. Функционира на тој начин што обично бараат промени во просторот, со одредени маркици за места за кои не е својствено на пример да имаат максимална висина и габарит. 

Свеста кај општинските власти  е на пониско ниво, не им е важно каков ќе биде кавалитетот на градбата и каков квалитет на домување ќе му приредат на граѓанинот, туку  нив им е важно како еднократно да имаат заработка. Тоа е опасноста, а од тоа не може да се заштитиме оти секој може каде сака да го вложи својот капитал ако знае кого да поткупи. Тука не е виновен само тој што бара поткуп, туку и тој што дава, е сега тој што дава се повеќе субјекти, а тој што бара е еден, тука е планерот урбанист оперативниот урбаниста и крајно општинскиот совет. Проблем кај нас е што се ставаат советници кои многу малку ја разбираат оваа проблематика и областа за која се повикуваат да гласаат. Не може да нема советник стручен за урбанизам,  правни работи, транспорт, комуналии, тие мора да бидат стручни, бидејќи сето тоа го злоупотребуваат инвеститорите.  Нашите советници не се доволно остручени и запознанени за проблематиката за која што гласаат, и затоа некои се осудуваат да злоупотребат, ако има стручни советници кои ќе знаат како да ја прочитаат намената нема да дозволат да помине планот. А, мафија не е еден човек, туку повеќе луѓе и тоа добро се знае во Куманово!

На една ваква, крајно криминализирана општествена сцена,  на локално ниво, и со слабо развиена граѓанска свест, општинските властит, сосема комотно, процесот на отуѓување на државните и природните ресурси ги публикуваат како јавен интерес, како развој и разубавување. И да, во вакви услови, граѓаните, граѓанските права и нивниот глас се заложници во овој процес на кражбa на јавен интерес, државни ресурси, услови за живот и безбедност. За жал, на удар е и земјата, како јавен простор, како државно земјиште или пак како приватно земјиште кое се купува евтино, но во сите случаи се врши нарачана урбанизација со пренамена на истото во градежно земјиште и со урбанистички услови само според потребите и желбите на инвеститорот. Најстрашната последица од ова е што земјата претставува необновлив ресурс неопходен во процесот на одржлив развој на една општина како што е Куманово.

Урбанистичкиот хаос не е само типичен за центарот на Куманово, туку почнува да се развива и  во населбите. Во битката за профит за сметка на урбанистичкиот ред, надлежните ги игнорираат предупредувањата на експертите и апелите на граѓаните. Се затвораат очи и пред искуствата од соседството, Бугарија, Косово, Албанија каде еден куп градежници и банки заглавија во мега градежни станбени проекти, само во Куманово секој е чист пред законот. Пазарот на недвижнини во Куманово засега не демонстрира таков тренд, иако речиси половина од новоизградените т.н. згради „монструми“ зјаат празни.

 www.domendva.xyzреклама в пабликах вк

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *