Почетна Култура Мартинијан Кириловски во финале!
Мартинијан Кириловски во финале!

Мартинијан Кириловски во финале!

0
0

Кумановецот Мартинијан Кириловски вчера настапи на втората полуфинална вечер на Макфест со песната „Дождови“ за која музиката и аранжманот ги напиша Магдалена Божиновска Стојанова, а текстот е на Елизабета Краљевски.

Мартинијан настапи под реден број 9 и судејќи по резултатите од севкупниот резултат од гласањето, на кое Мартинијан има освоено најмногу гласови, ги освои симпатиите на публиката.

Тој вечерва ќе настапи на финалната вечер и ќе се бори за наградата од 5000 евра.

Инаку оваа година Министерството з а култура реши драстично да го намали фондот за награди од 10 000, 7 500 и 5000 на 1500, 1000 и 750 евра, и покрај преддоговорот потпишан со Општина Штип. По преговорите, со конечниот договор наградите оваа година ќе изнесуваат 5000, 4000 и 3000 евра.

Финалната вечер ќе се емитува на првиот канал на Македонската телевизија од 20:30,а за Мартинијан и оваа вечер ќе може да се гласа на 141 730 со впишување на неговиот реден број.

 планирование и развитие профессиональной карьерымагазины посуды в ростове

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *